СМЕА, ЉУБОВ И ЕРОТИКА ВО „НИШТО БЕЗ ТРИФОЛИО“

В понеделник премиера в театар

Polno smea so  Nisto bez Trifolio

„Ништо без Трифолио“ текст од Русомир Богдановски, во режија на Коле Ангеловски, е претставата што премиерно ќе биде изведена в понеделник на сцената на театарот по повод 27 март светскиот ден на театарот. Комедијата е првиот проект годинава на прилепскиот театарски ансамбл, која, како што вели Богдановски, е напишана во грчко римски стил.

Режисерот Коле Ангеловски вели дека овој текст бил дебитантски пред 30 година, но и сега е актуелен и интересен.

– Праизведба направил Унковски, а јас во Куманово поставив претстава. Тогаш првпат се појавија неколку актери кои се сега зрели, како Дац, кој беше прогласен за најдобар млад актер. По толку години, по предлог на Стојан Дамчески, што ми се допадна, направивме нова верзија, која се обидовме да ја осовремениме. Дејствието се случува во Рим, Атина и има доста асоцијација на денешницата со античките градби. Целата претстава се врти околу фалангата. Дејствието се случува во античка Стибера, но има луѓе кои доаѓаат од други места. Има дијалекти, современа рок музика и она што е најважно, ова ќе биде актерска претстава. Се следи приказната, а актерите се различни и на површина излегува нивната креативност. На некој начин ова е еротска комедија што немало одамна на репертоарот на нашите театри. Љубовта и еротиката се секогаш интересни, особено поради тоа што дејствието е во лето и сите се заљубуваат – вели Ангеловски, кој во Прилеп има режирано 26 претстави.

Тој се радува што се поставуваат домашни текстови на театарската сцена.

26 pretstavi na Kole Angelovski

Играат Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Марјан Чакмакоски, Димитар Црцороски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С.Илиеска  и Михајло Миленкоски.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите ги изработи Раде Василев, а музиката е на Томе Темелкоски. Автор на кореографијата е  Кире Миладиноски.

Loading