ПРВИ ЗА РАКОМЕТ

ОУ „Кире Гаврилоски

Rakometen uspeh na ucenicite od OU Kire Gavriloski

Учениците од шесто одделение од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ се вистински ракометари. Подеднакво се добри и машките и женските. Доказ е триумот меѓу врсниците од сите основни училишта.

Женската екипа од шестоодделенците го освои првото место на општинско ниво, а чекор зад нив се членовите на машката екипа од шесто одделение кои пак го освоија второто место на општинскиот натпревар.

Победувајќи на натпреварите меѓу основните училишта, покажаа дека го сакаат спортот и спортските активности. Навреме ја разбрале пораката дека здравјето се одржува со физичка активност која пак е вајар на добро граденото тело. Уште повеќе што се наоѓаат во стадиум на раст и драстични промени. Со голема љубов ги минуваат тренинзите, додека вложуваат голем напор и енергија.

Успехот е круна на трудот. Но, не се само физички активни. Учениците секојдневно прават “гимнастика” и на мозочните келии, постигнувајќи успех по сите наставни предмети.   

Loading