ОСНОВИ НА УЧИЛИШНАТА ПОЛИТИКА

По силата на едно долго и несреќно историско воспитување и делби, каков што калеидоскоп од образование претставувале разни туѓи влијанија, туѓи мисли, концепции и идеи. Какви не воспитаници протатнале низ оваа наша Македонија. Во каков хаос се наоѓале нашите домородни интелекти кои играле нечија улога во политиката.

Денес Македонија постои, живее и оди напред благодарение на неисцрпната енергија собрана со течение на историскиот сон на Македонецот.

Време е да се определат јасно нашите цели за културно-способноста на македонскиот народ. Преведено на јазикот на практичната педагогија таа девиза гласи: образование и воспитување. Од овие два идеала, првиот го имаме доволно. За жал, многу послабо се посветува внимание на факторот воспитување. Ете зошто, сите грижи на нашите училишта треба да бидат насочени кон вториот идеал, сестрано воспитување со особен развој на повисоките морални квалитети, љубов кон татковината и народот, верба во неговиот гениј, толерантност, национално сознание, историска зрелост, национален интерес, чувство на национално и граѓанско достоинство, љубов кон сопствените корени.

Ако животот е одбирање страна, тогаш нашите млади да бидат на страната на патриотизмот, толеранцијата и добрината. Нашите млади длабоко забраздени во интернетот повеќе се одвлекуваат кон космополитизам пред љубовта кон родната земја.

Општеството и народот имаат полно право да бараат од училиштето да ги култивира сите овие благородни чувства кои ја поврзуваат една личност со својата родна земја.

Апелирам до нашата младина: Имајте верба во генијот на својот народ, сакајте ја својата татковина и бидете во служба на националниот спас.

Емил Зола, Писаро, Монет – околностите направиле одредено време да ја одложат својата творечка работа и да се замешаат во актуелните настани. Тоа е интелектуалец. Тоа е таа смисла за вплеткување. Тоа што најдобро би можеле да си го посакаме е тоа повторно да ја откриеме таа смисла и таа подготвеност кај нашите млади.

Денес кога нашава Македонија е во криза, какви совети се потребни кај училишната младина, а да не се свати како вплеткување на младите во политика?

Научете дека само со вистината се води дијалог, а во служба на националниот спас и македонскиот препород. Ако молчиме, тогаш тишината ќе ја толкуваат како што сакаат. Не мора да ги сакаме оние што не не сакаат, но не мора на омразата да и се одговари со љубов. НАТО и ЕУ можат да бидат само средство за заштита и разоткривање на македонскиот идентитет, а не нејзина алтернатива.

Издржливоста е една од клучевите за успех. Џабе е голо критикување, ако на себе не ја облечеме наметката на личниот пример.

Оваа Македонија е земја на оние кои знаат да ја сакаат без разлика дали се обесправени, гладни, исплашени, дали се млади и полнолетни. Би сакал училиштето да покаже дека љубовта кон родната земја и космополитизмот, љубовта кон сопствениот народ, кон мајчиниот јазик, име, знаме, не се само поими кои се исклучуваат. Тоа училиштето ќе го направи ако малку повеќе му вдахне верба во генијот на својот народ.

Примариус Д-р Благоја Дамески

Loading