ОУ „Рампо Левката“
И учениците, и родителите и наставниците може заеднички да изведуваат активност која ги зближува, мотивира и спојува. Во ОУ “Рампо Левката” се одржа манифестацијата “Поетско попладне”, во рамките на проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците”. Родителите, учениците и наставниците читаа стихови од Кочо Рацин и Константин Миладинов.
– Се продлабочува соработката на релација родител – наставник – ученик од една страна, а од друга се поттикнува љубовта кон мајчиниот јазик, кон поезијата и читањето воопшто – вели Весна Насеска Цакоска, педагог.
Повод бил светскиот ден на мајчиниот јазик.