НАРОДНИ НОСИИ ОД ДЕТСКИ РАЦЕ

ОУ „Блаже Конески

Etno rabotilnica vo OU Blaze Koneski

Иако не се шивачи, ниту креатори, сепак учениците од ОУ „Блаже Конески“ изработија минијатурни модели од македонските носии. Со помош на ножичките, лепилото, парчињата ткаенина, црвениот, белиот и црниот конец, создадоа рачни изработки, претставувајќи ги облеките кои ги носеле нивните баби, прабави, чукун дедовци. Низ игра и анимација, поттикната од менаџерскиот тим на училиштето, научија за обележјата на македонската народна носија. Им разгоре чувството за припадност кон нацијата, кое најдобро се подгрева на најмала возраст. Етно работилницата беше интересна активност, но и едукативна.

– Вештите раце на најмладите ученици, помогнати од менторите, создадоа ремек дела со мотиви од македонската народна традиција. Целта на овие работилници е подигнување на националната свест кај учениците и развивање на чувството за припадност кон нацијата – вели директорката Марија Дулевска.

Подигнување на националната свест кај учениците е практика на многу европски земји, каде националните симболи ги има пред секое училиште и институција. 

Loading