ПИЈАНО ТРИУМ ВО ШАБАЦ

ОМУ „Ордан Михајлоски Оцка

Zneat nagradi po pijano

Учениците од ОМУ „Ордан Михајлоски Оцка“ не престануваат да жнеат награди каде и да појдат да се натпреваруваат.  Успешни се во сите инструменти, особено виртуози се на пијано. Арсениј Ангелески ја освои првата награда на реномираниот 21. Меѓународен натпревар за млади пијанисти во Шабац, Србија. Втората награда и припадна на Марија Котеска. И двајцата се ученици на пијано кај професорот Христина Никоска. Тие се натпреваруваа во конкуренција со учесници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Германија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Романија. Ги оставија зад себе сите натпреварувачи, затоа што им нема рамни кога ќе почнат да свират. Талентот кој го носат, надополнет со професионалната едукација и редовните вежби, им ги носат блескавите победи на кои се гордеат, не само од музичкото училиште, туку и Прилеп и Македонија. 

Loading