МОЌТА НА УБЕДЛИВИОТ ЗБОР

Гимназијалката Деспина Силјаноска – најдобар оратор кај средношколците

Despina Siljanoska - oratorstvoto i e vo krvtaДа се биде добар говорник е предност. Лицата кои знаат да зборуваат и имаат убав и богат речник најчесто се забавни во друштво, сакаат да ги слушаат соговорниците и често умешноста со играта на зборовите им помага дури и некогаш да се извлечат од непријатни ситуации. Вистински оратор е гимназијалката Деспина Силјаноска. Дека ја поседува вештината со која при јавно искажување на своите размислувања и ставови на одредена тема или по некое прашање, остава впечаток кај слушателите и успева да ги убеди во она што сака да го каже, доказ е освојувањето на првата награда на ораторсккиот натпревар на кој меѓу десет ученици ги пренесе своите ставови на тема „Стереотипите кај младите”. Освен што вешто зборува, убаво и пишува. Автор е на книги. Талентирана е и за музика.

– Во трета година првпат се пријавив на натпреварот за ораторство. Позитивната трема беше присутна, затоа што беше нешто ново. Во секој нареден миг, стануваше сé помала и помала, оти во тој момент се чувствува “силата” на говорот и можноста да го искажам своето мислење пред луѓе кои се компетентни за оценка. И во четврта година добив две први награди за најдобар оратор. Патешествието ме исполни како личност. Да се биде дел од сите тие случувања е најголемата награда за мене – вели Деспина.

И лежи уметноста. Сака да рецитира. На 13 години ја издала својата прва книга, “Латици од животот„.

– Се охрабрив и понатаму да го “работам” тоа што го сакам, и тоа што ме исполнува. Во Гимназијата наидов на позитивни патишта, кои ме надградија како личност. Бев дел од сите поетски настани. Тие моменти засекогаш ќе останат во моето сеќавање, сето тоа време минато на  пробите. Добиените пофалби ме тераа да бидам сé подобра и подобра. Во 2015 година ја издадов втората книга “Љубовта на поетот„. И тоа беше уште едно надополнување, уште едно признание за посветеноста кон пишувањето и кон уметноста. Многу напишани и изрецитирани песни биле наградени не само на општински натпревари, ами и на државни и меѓународни – објаснува Силјаноска.

Матурантката завршила и основно музичко училиште, пијано,  кај професорот Филип Пејоски. Смета дека музиката и поезијата одат заедно и се надополнуваат. А за иднината…  Животна желба и страст и е да биде актер, затоа што се пронаоѓала во уметноста и уметноста ја носи во себе.   

Loading