ЖЕНИ ЛИДЕРИ

Pande Nikoloska - v.d. direktor vo OU Dobre JovanoskiПанде Николоска, в. д. директор на ОУ „Добре Јованоски

Ние жените, сме столб на општеството, двигатели на сé што е околу нас и ние не сме само мајки, иако тоа е најважната улога за нас, ние не сме само домаќинки, ние сме менаџери и лидери во општественото делување. Како нова директорка на ОУ „Добре Јованоски“, доказ е дека и после жена – лидер дојде жена. Се надевам дека ќе бидам доследна замена на Виолета Лашкоска, која е пример за успешно менаџирање. Се обраќам на сиот женски род почнувајќи од работниците, земјоделците, домаќинките, докторките, наставничките, психолозите, функционери и, пред сé, на жената мајка, која безпоштедно се бори за своето семејство, а не помалку е успешна и во својата професија. Нашата сила е огромна и успеваме да се истакнеме во секој сегмент од нашето живеење. Енергијата е преточена во нас од нашите мајки кои неуморно бдееле над нас и безрезервно ни дарувале љубов која треба сега да ја пренесеме на нашиот пород. Да имаме здраво семејство и честити деца, зошто знаеме дека столбот на нашата држава е сплотеното семејство кое понатаму ќе умее да се избори со проблемите што доаѓаат неминовно во животот. Со сета почит кон нашите мајки кои успеале од нас да создадат тоа што сме денес и успешно да пренесеме на нашите поколенија. Жената треба да биде почитувана секој ден што изминува, но еве на овој ден да и се оддаде посебно внимание. Тоа не мора да биде подарок, нека биде топол збор, една срдечна насмевка и прегратка која ќе ги згрее нивните срца. Им го честитам празникот на сите припаднички на понежниот пол, посакувајќи им среќа, здравје, љубов и благосостојба во секој дом!”.

Loading