И СИРОМАШНИТЕ СЕ СРЕЌНИ

СОУ „Ѓорче Петров

Rodeni poeti i eseisti - ucenicite od SOU Gjorce Petrov

На литературниот конкурс, организиран од НВО СЕГА, а за учениците на СОУ „Ѓорче Петров“, на тема: „Ајде да твориме на мајчин јазик“, зедоа учество повеќе млади творци на традиционалната манифестација. Првата награда и припадна на Ивана Настеска од 1-1 клас за расказот „Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна”, со менторот Билјана Тинтоска. Втората награда ја освои Ангела Римческа од 1-2 клас за есејот „Моќта на волшебните зборови”, под менторство на Жанета Видевска. За песната „Бескрајност”, третата награда ја доби Николче Мојсоски од 2-2 клас и менторот Лидија Ристеска.

– Учениците ги поттикнуваме на нови учества. Манифестација ја збогатија гости од Франција, кои прочитаа дела на својот мајчин јазик. Нашата млада и надежна поетеса, Јуле Атанасовска го претстави сопственото поетско творештво – вели БилјанаТинтоска, професор по македонски јазик.

Од испратените литературни творби на конкурсот, ќе биде направена on -line збирка која ќе биде поставена на веб страните на ИНФО СЕГА и на училиштето. 

Loading