ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ МЕЃУ ПОЖАРНИКАРИТЕ

ОУ „Блаже Конески

Ucenicite od Blaze Koneski kaj pozarnikarite

Најдобрите знаења се црпат од теренот, од посета на институциите, компаниите. Така можат да се почувствуваат предностите и опасностите кои ги носи една професија.

Да се биде пожарникар не е лесна работа. Со луѓето од оваа професија минаа неколку минути и учениците од ОУ “Блаже Конески”. Им се воодушевија на храбрите и хумани луѓе кои се подготвени да влезат во костец со огнот, спасувајќи животи и имоти.

Темата безбедност: Вештини на живеење – справување со елементарни непогоди ги однесе учениците од 9/4 одблиску да се запознаат со работата на противпожарната станица. Учениците и директорката Марија Дулевска им се заблагодарија на родителот Јосе Јорданоски и наставникот Петар Андоноски за овозможеното искуствено учење.