ТРОЈЦА ШАМПИОНИ ВО БОРЕЊЕ

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“

Nagradi za borenje - ucenicite od R R Ricko

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ не само што има спортска сала во која се одржуваат државни натпревари, туку и ученици кои се врвни натпреварувачи.

На Државното изборно првенство во борење слободен стил,  тројца ученици од “… Ричко” се пласираа на првите три места и тоа во различни категории. Катерина Мирческа го освои првото место до 59 кг. Прв беше и Теодор Темелкоски, но во категоријата до 50 кг. Третото место во категоријата до 62 кг. го зазеде Леонардо Насески. На првенството се натпреваруваа 50 учесници во 7 категории според тежината. Успехот учениците од “…Ричко” задолжително го “крунисаа” со селфи фотографија.

СОУ „Ристе Ристески – Ричко” беше вторпат домаќин на државното изборно првенство во борење за само една недела. Првенството беше во борење за млади до 20 години. Организатор беше федерацијата на боречки спортови на Македонија, а домаќин и технички организатор е клубот „7 Мај Леов”. Претходно, во салата се одржа изборното првенство во борење за млади до 23 години.

Победниците од првенството во различните категории се дел од македонската репрезентација која учествува на младинскиот турнир „Петко Сираков” во Варна, Бугарија. 

Loading