УЧЕНИЧКИТЕ РАЦЕ СОЗДАДОА 1 000 МАСКИ

Ucenicite izrabotuvaa maski - nagradi za najdobrite

Околу 1. 000 маски кои ги изработија учениците од основните и средни училишта, беа поставени на традиционалната изложба во ЦК ,,Марко Цепенков,, на 16-тиот карневал Прочка. Најголем дел од маските беа изработени според традицијата од природни материјали.

Жирито им додели на учениците 15 награди за најубави маски и тоа 5 први, 5 втори и 5 трети места.

Прва награда освоија: Јашар Исламоски и Семир Тмушиќ од ОУ ,,Кирил и Методиј,, од Канатларци, Леа Грабилоска и Владимир Мазнески од СОУ ,,Ѓорче Петров,, и Иван Крстески од ОУ ,,Блаже Конески,,. Втора награда добија: Изабела  Кузева од ОУ ,,Пере Тошев,, од Дупјачани, Димитар Илиоски од ОУ ,,Блаже Конески,,, Лука  Кузманоски од СОУ ,,Ѓорче Петров,, Мевлуде  Јосуфоска од ОУ ,,Кирил и Методиј,, од Канатларци и Валентин  Ристески од ОУ ,,Гоце Делчев,,. Третата награда им припадна на Викторија Дунимаглоска и Димитар Димоски од гимназијата ,,Мирче Ацев,,, на Тамара  Глигуроска и  Санем Мемишоска од ОУ ,,Кирил и Методиј,, од Канатларци и на Марија Димеска од ОУ ,,Кире Гаврилоски,,.

Учениците беа задоволни од нивните уникатни креации.

– Маската сама ја изработував, сакав да асоцира на индијанска маска, за нејзина изработка користев природни материјали, коноп, дрво, леќа и друго. Активно учествував и додека бев во основно училиште – рече Викторија Дунимаглоска, ученик во гимназијата ,,Мирче Ацев,,.

– Користев балони, обвиткани со хартија и зрна грав, како и други материјали. Според мојата замисла, претставува плашило – рече Илина Ѓорѓиоска, ученик во ОУ ,,Кире Гаврилоски,,.

– Маските се изработени на традиционална база, а главна тематика е да се запази традицијата и да се постави маската како асоцијативен момент на ,,Мечкарите,,. Маските се збогатуваат и со еден современ пристап –  истакна Александар Џинго, наставник.

Изложбата на маски, лани прв пат беше претставена во Скопје.

Loading