Гимназија „Мирче Ацев“
Со монологот „Лора“, гимназијата „Мирче Ацев“ ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал на француски јазик за средни училишта во Стара Загора, Бугарија, меѓу 7 селектирани странски учесници од цела Европа, покрај земјата домаќин.
Ученичката Марија Митреска ќе ја игра улогата на „Лора”, главниот лик во монологот, а на фестивалот ќе биде заедно со професорката по француски јазик Мирјана Бошковска која е ментор и координатор и професорот по драмска уметност и англиски јазик Маринко Шлакески, кој е автор и режисер на претставата.
Монологот „Лора” претставува композиција од фрагменти и реплики на женскиот лик од интегралниот драмски текст „Лора” на Маринко Шлакески, на македонски јазик во театарот “Војдан Чернодрински”, а во изведба на актерката Даниела Иваноска во рамките на програмата со која Гимназијата го одбележа патрониот празник на 4 јануари.
Драмскиот текст во интегрална форма, учениците од III-та год. чиј проф. по македонски јазик е проф. Ленка Јованоска, имаа можност да го работат за лектира по македонски јазик и литературе, што претставуваше можност за запознавање и афирмација на современи, но и домашни автори во изучувањето на домашната и светската современа драмска литература.
Меѓународниот театарски фестивал на средни училишта од земјите членки на Франкофонската организација, има за цел да го негува францускиот јазик и култура надвор од границите на Франција и земјите во кои тој е службен јазик.