ТРИБИНА ЗА ЗДРАВА ХРАНА

ОУ „Рампо Левката“

Tribina za zdrava hrana

Со цел да се подигне степенот на свесност кај родителите за значењето на здравата исхрана и физичката активност и едукативно да се делува, во ОУ “Рампо Левката” се одржа трибина „Исхрана, здравје и физичка активност”, на која предавач беше Силвија Думалоска, стручен соработник во Центарот за јавно здравје.

– Трибината ја отвори директорот Катерина Чавлеска Трпкоска, која ја истакна потребата да се внимава на начинот на кој учениците се хранат и формираат здрави навики. Думалоска сеопфатно ја образложи потребата да се внимава за начинот на исхрана на учениците, намирниците кои се неопходни за правилен раст и развој, формирањето на здрави навики за исхрана за што голема е улогата на родителите и семејството воопшто, како и да се обрне внимание на начинот на кој е подготвена храната. После предавањето се разви дискусија со родителите и прашања до предавачот – вели педагогот Весна Ц. Насеска.

Нагласена била потребата за поголема физичка активност кај учениците, за што повторно семејството игра голема улога децата своето слободно време да го користат за спорт, а не цело време да бидат пред компјутерите, бидејќи општа констатација на сите е дека учениците многу малку се физички активни. Биле поделени флаери со едукативна содржина и пораки за здрав начин на исхрана.

Loading