МЕДЕНИ СРЦА

Dekorativni izrabotki na ucenicite od SOU Orde CopelaСОУ „Орде Чопела

По повод 14-ти Февруари, денот на вљубените  СОУ „Орде Чопела“ организира продажен базар на изработки од учениците од хемиско – технолошката и земјоделско -ветеринарната струка.

Преку креативна работилница за изработка на медени срца од нутриционистите и декоративни изработки на техничарите од хортикултура под менторство на наставниците: Анита Ѓорѓиоска, Татјана Тасевска, Анита Галеска, Билјана Апостолоска, Василка Митревска  и педагогот Тереза З.Трајковска претходно беа подготвени продажните производи.

– Учениците покажаа креативност при подготвувањето и украсувањето на валентиновите декорации, пренесувајќи ги стекнатите теоретски знаења и практични вештини – вели Трајкоска.

Во пријатна атмосфера, во холот на училиштето се продадоа изработките. Собраните средства се насочија за децата со посебни потреби  од дневниот центар „Ѕуница”.

Loading