ВЕСЕЛИ СЛИКИ ЗА ПОВЕСЕЛА МУЗИКА

ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка

Vesela dekoracija na zidovite na muzickoto uciliste

Откако комплетно е реновирано основното музичко училиште, се дотерува и естетски. Се разубави училницата по солфеж со фото тапети. Амбинетот е декориран со весели слики во кој ќе се пеат уште повесели песни. Атмосферата која ја создаваат шарените ѕидни композиции, ги будат радостни чувства кај учениците. 

– Со разубавувањето на училницата по солфеж со фото тапети ја поткреваме можноста за инспирација кај учениците – вели Игор Николоски, директор на ОМУ “Ордан Михајлоски Оцка”.

Внатрешното уредување со еколошки печат е дело на фирмата Мастер Принтинг.

Пред неколку месеци заврши комплетната реконструкција на музичкото училиште во кое инвестирани се над 3 милиони денари, обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. После 93 години на објектот, беа поставени 3 нови плочи, комплетно се реконструираше скалишниот дел, променета е целата електрична инсталација и внатрешната столарија.

Наредните чекори се насочени кон набавка на нови инструменти за создавање уште на поповлни услови за работа како за наставниците така и за учениците. Училиштето продуцира голем број музички кадри и постојано се поттикнува музичката наобразба.

Набавено е и концертно пијано, а инвестицијата чинеше околу 1,2 милиони денари. Парите беа обезбедени со помош на локалната самоуправа, донатори и музички концерти. Околу 140 деца ги откриваат тајните на инструментите.

Loading