ПОРАКИ СО ЉУБОВ И ХУМАНОСТ

ОУ „Кире Гаврилоски

Stihovi za ljubovta - ucenicite od OU Kire Gavriloski

Единаесеттипат, ОУ „Кире Гаврилоски“ беше домаќин на книжевната средба ораганизирана од литературната секција од училиштето, традиционално одбележувајќи го 14 февруари, празникот на виното и љубовта. Учениците од сите основни училишта со убава поезија и прозни текстови, ги претставија нивните училишта. Пишуваа на тема: “Љубовта како хумана порака кон луѓето”, тема за која секогаш има што да се пишува.

– Задоволството е да се присуствува  на литературното читање од  еден час. Сите уживаа во “мелодиите” на убавиот пишан збор кој  носи емоции и незаборавни моменти – вели Николче Кузески, директор на ОУ “Кире Гаврилоски”.

Преку манифестацијата се поттикнува талентот кај учениците и се збогатуваат изразни средства кои се користат во македонскиот литературен јазик. 

Loading