СО ТИМ ДО ЦЕЛТА

СОУ „ОрдеЧопела

Timski aktivnosti - ucenicite od Orde Copela na obuka

Учениците од трета година од СОУ „Орде Чопела“ учат како преку градење на тимови се постигнува целта во животот, во понатамошното високо образование или пак во работната средина. Преку обука ги  збогатуваат знаењата, стекнуваат нови вештини кои ќе им овозможат полесно да се снајдат на пазарот на трудот преку зајакнување на конкурентноста. Воннаставните активности се дел од обуката која се спроведува во соработка со Бизнис академијата Смилевски од Битола, во рамките на проектот за поддршка на вештини и развој на иновации, поддржан од Министерството за образование и наука. Предвидено е да се вклучи и група од 24 ученици од втора година да ја практицират мерката за развој на тимското работење и учење преку решавање на поблеми.

– Првин се изврши селекција од страна на нашите професори, а после стана интересно како се гради тим со кој полесно се стигнува до целта – вели Марија Спиркоска, ученичка во СОУ “Орде Чопела”.

Планирани се 12 менторски средби во секое училиште за развивање на вештините кај средношколците.

СОУ “Орде Чопела”, заедно со партнерското училиште, “Кузман Шапкарев” од Битола, е едно од ретките кое доби средства од Министерството за образование за реализирање на проектот за планирање, правењето на акциони планови и се она што му е потребно на млад човек да напредува во својата кариера, доколку е вклучен во работна средина, или пак е дел иод некоја атмосфера на учење и развој. 

Loading