РЕГИОНАЛНО ГЕОГРАФСКО ЗДРУЖЕНИЕ МИТКО ПАНОВ

Se sozdade regionalno zdruzenie na geograficari

Првпат е регистрирано Регионално географско здружение кое ги обединува сите професори по географија во основните и средните училишта од Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени. Претседател на асоцијацијата на географи кои го предаваат предметот географија и ја изучуваат географијата како наука, е Милан Јаковоски, наставник во ОУ “Кире Гаврилоски”.

– Здружението ќе овозможи подобра комуникација и едукација на географичарите од регионот. Ќе се поедностави соработката на наставниците и професорите по географија во средните и основните училишта, ќе се вреднува работата и трудот на наставниците и професорите и ќе се популаризира предметот географија – вели претседателот Милан Јаковоски.

Иницијативата почнала пред неколку месеци, кога се собрале поголема група колеги од неколку основни и средни училишта.         

– Здружението е именувано по името на еден од најголемите и најзаслужните географичари за развојот на географијата, а посебно социо – географијата во Македонија, проф. д- р Митко Панов – вели Јаковоски.

На промоцијата присуствувал и синот на професорот, д-р Никола Панов, кој исто така е професор на факултетот по географија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, како и други универзитетски професори и професори во средните и основните училишта во регионов. 

Loading