„ЈАС ИМАМ СОН…“

Гимназија „Мирче Ацев

Vinoto i ljubovta spoeni vo pretstavata Jas imam son

Гимназијалците ја почитуваат и негуваат традицијата. Квалитетот, дарбата, талентот и макотрпната работа излегува на виделина. Веќе четири години со ред , на 14 февруари, учениците од СОУ “Мирче Ацев” ги  спојуваат во единство приредувајќи мигови за паметење. Во сценско-музичкиот настан насловен како „Јас имам сон…” се зборуваше за Св. Трифун, за љубовта, но и за теми кои длабоко допираа до сите присутни во салата на киното Мис Стон, која беше претесна да ги собере сите заинтересирани. Учениците од прва до четврта година, во 5 чина испреплетени со музички точки покажаа дека мора и треба да се верува дека почитта, љубовта, среќата, традицијата се работи кои не смеат да се заборават, туку напротив, да се негуваат.

Перформансот ги донесе суштинските прашања: како и дали сме среќни, дали имаме храброст да сонуваме и кој би бил нашиот животен стих. Учествуваа: Стефанија Стефаноска, Деспина Сиљаноска, Филип Димовски, Сара Спиркоска, Александра Илиеска, Теодора Тасевска, Надица Дојковска, Дарио Илиоски, Александра Кочоска, Огнен Цветаноски, Ева Димовска, Ангела Милошеска, Андреј Таневски, Стефан Костоски, Бистра Петреска, Магдалена Кузманоска, Ангела Зероска, Ивона Нанческа и Филип Шабаноски.

Одговорни професори за овој настан беа: Мартин Наумоски, Наталија Гарбеска и Тони Атанасоски. Фотографији и видео од настанот изработија Бојан Илиески и Петар Кироваков.

Loading