ВИКЕНД ВО КРУШЕВО

Учениците од ОУ „Рампо Левката

Krusevo

Околу 150 ученици од второ до деветто одделение од ОУ „Рампо Левката“ учествуваа на викенд зимувањето во Крушево. Воннаставната активност ја организираше наставникот по ФЗО, Кирил Овезоски. Најмали беа ученици од II а одд. Саботата ја искористија за скијање и санкање на терените со снег. За почетниците, наставниците по ФЗО организираа обука за совладување на првите чекори во снежните спортови. Меѓу поголемите ученици има веќе добри скијачи. Помалите, од одделенска настава, имаа натпревар по санкање.

Покрај радоста на снегот, забавата продолжи и во вечерните часови кога за учениците беше органзиран карневал и забава под маски во детското одморалиште Шула Мина. Учениците од ОУ Рампо Левката добија и диплома. За групната маска “Девојките на Шеикот Марко”  II a одд. го освои првото место. Неделата повторно учениците ја искористија за скијање и прошетка низ Крушево. Ја посетија спомен куќата и гробот на Тоше, споменикот Македониум каде наставничките од одделенска настава Наташа Блашкоска, Наташа Николоска и Бисера Вишиноска одржаа историски час во отворената училница. Во детскиот парк имаа час по ФЗО. Учениците биле беспрекорни во секој поглед, дури и најмалите кои биле самостојни во извршување на личните и општи обврски. 

FZO i poseta na Makedoniumot

Loading