ПЕРНИЧИЊА ЗА ХУМАНОСТ

ОУ „Добре Јованоски

Pernicinja za humanost

Учениците од шесто одделение од ОУ „Добре Јованоски“ заедно со наставничката по ликовно образование, Маја Најдоска изработија украсни перничиња, кои ќе бидат дел од хуманитарна акција на училиштето.

Шарените перничиња се резултат на детската имагинација. Децата ја разбудија фантазијата, предложувајќи идеи за мотивите кои би сакале да се најдат на украсните предмети. Од друга страна пак, нивните желби и замисли, ги преточи во реални креации наставничката Најдоска.

Украсните предмети се функционални и не се само мерак за очи и украс на амбиентот. Тие ќе бидат предмет на хуманитарната акција која ќе ја спроведе училиштето.

Не е прв пат, учениците да покажуваат хумана димензија. Тие сакаат да подаруваат и помагаат, уште повеќе што припаѓаат на мултиетничка средина каде се развива солидарноста.  

Loading