ПРАКСА ВО МАДРИД

СОУ „Ѓорче Петров

Praksa vo Madrid - ucenicite od SOU Gjorce Petrov

Започма спроведувањето на втората мобилност од проектот „Professional VET cooperation development project“. Точно 19 ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од медицинската струка, од профилите медицинска сестра и физиотерапевтски техничар, престојуваат 18 дена во Мадрид, Шпанија, заедно со координаторот на проектот, Билјана Рошкоска и професорите – ментори Соња Николоска и Антигона Димоска.

– При практичната работа и обука, учениците ќе ги развијат и покажат вештините и знаењата добиени во наставата, но и ќе ги надградат јазичните познавања, ќе видат друга култура и начин на живот, ќе се дружат, осамостојуваат и ќе создадат нови пријателства. Праксата е совршен искуствен учител и неизоставен дел од средното стручно образование. Искуството што ќе го донесат од Шпанија, учениците ќе го применат во полесно совладување на теоретските часови, а понатаму и за поефикасно извршување на нивната хумана професија – објаснуваат од СОУ “Ѓорче Петров”.

Проектот е финансиски поткрепен од програмата Еразмус+ на Европската комисија и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Loading