„КОНЕВЦИ…“ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Ljubobitnite Konevci vo Opstinskata zgrada

Третоодделенците од ОУ „Блаже Конески“ ја задоволија својата љубопитност со посетата на Локалната самоуправа. Заедно со одделенските наставници, згазнаа на црвениот тепих, воодушевувајќи се на зградата во која е сместен “таткото” на градот и неговите служби.

– Посетата на најпросперитетната, најдобрата и општината број 1 под раководство на најдобриот, најквалитетниот градоначалник Марјан Ристески,  остави силен впечаток кај учениците од 3 одд. во рамките на манифестацијата “Отворени денови на Општината”. Кај градоначалникот,  учениците ги видоа тимовите и одблиску се запознаа со работата на секторите во општината – вели Марија Дулевска, директор.

Учениците долго ќе се сеќаваат на атмосферата и изгледот на канцелариите во општинската зграда крај која само поминуваа и ја гледаат однадвор. 

Loading