ДА ТВОРИМЕ НА МАЈЧИН ЈАЗИК

По повод 21 – ви февруари, Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик, ИНФО СЕГА во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ објави конкурс за литературни дела на слободна тема, на кој може да учествуваат учениците со есеј, расказ, драма, поема и било кој вид литературна творба. Сите ученици може да учествуваат доколку испратат свои дела во електронска форма, при што се поттикнуваат и учениците од други националности да творат на својот мајчин јазик.

Најдобрите три творби ќе бидат објавени на веб страницата на ИНФО СЕГА и ќе бидат наградени на манифестацијата на 16 февруари во библиотеката на училиштето. Ќе присуствуваат и тројца Италијанци, волонтери во ИНФО СЕГА, кои ќе читаат дела од италијански писатели, со цел да се промовира италијанската литература и да се разменат литературните искуства.

Младите писатели ќе ги промовираат нивните творби, а сите литературни дела од конкурсот ќе бидат објавени во електронска збирка. 

Loading