НА ЈАВЕ КНИГАТА „МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АЛБАНИЈА“

promovirana kniga za Makeodncite vo    Albanija

Претставена беше книгата „Македонскиот народ во Албанија“, чиј автор е Спасе Мазенковски, интелектуалец, новинар од селото Леска во Мала Преспа, Албанија. Делото, промовирано од д-р Виолета Ачкоска, содржи повеќе податоци за етничките Македонци во Албанија, нивниот живот и културната афирмација. Промоцијата  беше дел од одбележувањето на 145-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Според градоначалникот Марјан Ристески, книгата е своевиден историјат за сета голгота преживеана и доживеана од Македонците и Македонија на овие балкански простори.

Промоцијата беше во организација на Иницијативата за Семакедонско обединување на Македонците.

Loading