„СОНУВАЧОТ, КУПУВАЧОТ…“ ПРЕМИЕРНО В НЕДЕЛА

Plakat sonuvacot koregiran

„Сонувачот, купувачот и уште нешто…“ е театарската претстава за деца, која премиерно ќе биде изведена в недела од 11 часот во театарот „Војдан Чернодрински“. Текстот е од Сузана Ѓорѓиевска, а драматизацијата и режијата е на Игор Трпчески.

– Претставата е приказна за животот на Невен Илин, младо, палаво момче со ветер во косите, ѕвезди во очите и божуриги на образите, кое ќе се соочи со низа последици заради своите постапки за да ги извлече правилните поуки од животот – вели режисерот Трпчески.

Играат, Никола Ангелоски, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијески, Александар Тодески, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Елена Соколоска, Евгенија Јакимоска, Марио Велковски, Фиона Мирческа и Дамјан Макешоски.

Сцената и костимите ги изработи Бојана Артиновска Трпческа,  музиката е на  Томе Темелкоски, додека видеото е на  Саша Нацески.

Претставата е заеднички проект на театарот, театарската Работилница – Прилеп и МДС „Чин 4 Сцена 5“.

Loading