ИМАМЕ СЛИКА ЗА СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ И НОВИТЕ ВО ПОБЕДА

Zadovolen od zalaganjeto na   fudbalerite-   Zoran SterjovskiФудбал: Зоран Штерјовски, тренер

-Тешкиот дел од подготовките е причина за слабите резултати

Повеќе од еден месец траат подготовките на Победа. Тренинзите беа во градов и во Охрид, каде се одиграа пет пријателски меча (Новаци 1-1, Борац Чачак 1-3, Спартак Суботица 1-3, Крупа Врбас 0-3, Велазерими 1-2). Резултатите се скромни, но некогаш е подобро сега да се губи, а во првенството да е обратно. Играчкиот кадар има конечен список од 25-26 фудбалери, така што точно се знае со кои сили ќе се дочека пролетниот старт на првенството. Впечатоците за сработеното ги дава тренерот Зоран Штерјовски.

Колку реализиравте од планот?

– Пробавме доста работи и го променивме системот. Дел од играчи сакавме да ги видиме на други од своите природни места. Имаме слика за староседелците и новодојдените. Горе-долу задоволен сум од сработеното.

Комбинацијата од тренинзи со пет натпревара?

– Во Охрид беше најтешкиот дел од подготовките, што можеби е причина за слабите резултати на тие натпревари. Максимално одработивме. Најбитно е што нема повреди. Подготвени ќе го пречекаме пролетниот дел.

Давате шанса на сите?

– По едно полувреме сите одиграа, оти напорни беа тренизите. Ривалите беа силни. Може да се каже дека тоа е добро, бидејќи со силен противник имаме мотивација. Можевме да видиме дека сите играат фудбал, не само ние во Македонија.

Грешките?

– Во одбраната ги имавме доста. Практично подарувавме голови на противникот. Тоа се должи на деконцентрацијата. Тука ќе мора да се поправиме и на тоа работиме.

Седумтемина нови?

– Голманот Никола Тошески, левиот бек Звездан Ѓорѓиловиќ, офанзивниот за врска Милан Војводиќ и крилниот напаѓач Мирослав Станиќ дојдоа од Србија, шпицот Уемерсон Рамон од Бразил, а тука се уште дефанзивниот, централен играч за врска Благојче Коњарски и десниот бек Бојан Георгиевски. Квалитетите се на завидно ниво.

Подобри сте од есеноска?

– Шест пуштивме и седум зедовме Имаме по двајца на секоја позиција. Очекуваното го добивме. Конкуренцијата ја зголемивме. Тоа што ни недостасуваше – силна клупа – имаме.

Преостанати тестови?

– Викендов одиме во Кавадарци на турнирот ,,Вуко Каров”. Ќе има два меча, а учесници се Тиквеш, Борец и Металург. Тие се последните тест-мечеви. Потоа се финалните подготовки за дербито со Пелистер.

Колективниот дух е најбитен

Ваши коментари на неколку фудбалски тези:

1. Ако се бориме, можно е да изгубиме, а ако не се бориме – изгубени сме.

– Со кој и да е противник, Реал или Барса, мораш да играш, да се покажеш, да дадеш максимум. Без борба можеш од секого да загубиш. Како ние со Велазерими.

2. Ниеден играч не е толку добар, колку што се добри сите заедно?

– Најдобра изјава. Колективниот дух е најбитен во фудбалот. Погрешно е ако само поединци настојуваат да се истакнат. Тимот мора да функционира како еден. Победа нема поединци да се издвојуваат.

3. Добар играч може да добие еден меч, а добра екипа пет со ред?

– Надополнување на претходното. Мора колективно да се игра. Поинаку не може. 

Loading