БОРБИ ПРЕД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВРАНЕЗИ

Борење

В недела (10 ч.) во салата на ООУ „Добре Јованоски“ стартува борачката сезона со Изборното државно првенство за младинци до 23 години и во категорија за пионери до 15 години. Борбите ќе се одвиваат на два душека пред очите на новоизбраниот претседател на Федерацијата за борачки спортови на Македонија, Бетим Вранези и неговиот заменик, Дејан Богданов. Домаќинот, БК 7 Мај Леов. во младинската група ќе има седум претставника: Теодор Темелковски, Марио Мимичкоски, Леонардо Насески, Борче Богатиноски, Христијан Пенков, Катерина Мирческа и Тамара Игњатовска. Во пионерската група се: Стефан Стојаноски, Петар Насески, Михаил Маркоски, Леонид Каратошески, Петар Нацески, Сергеј Попоски и Барбара Стојкоска. Од поискусните се очекуваат високи пласмани, а од дебитантите собирање на искуство.

Наредната сабота е Изборното државно првенство за сениори и за кадети. 

Loading