ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КСМ

Историја

Во ноември 1992 година Собранието на Кошаркарскиот сојуз на Македонија за претседател го избра Благоја Самакоски. Може да се смета како прв претседател на Сојузот по осамостојувањето на државава, односно во пресрет на меѓународното признавање. Веќе следната година под негово раководство следеше прием во ФИБА. Притоа беа искористени контактите со генералниот секретар на светската организација, Борислав Станковиќ. Набргу следеа официјалните настапи на репрезентацијата и најдобрите македонски клубови на меѓународно ниво.

Претходник на Самакоски беше Душан Петрески, а го наследи Зоре Темелковски.

Loading