СТОРИЈА НА АМЕРИКАНСКА ТВ

Илија Несторовски

Нашиот спортски амбасадор Илија Несторовски не престанува со асистенциите и головите во Палермо. Последниот, победоносен го даде против Кротоне (1-0) и стигна до бројката од девет гола во Серија А. Сега не само медиумите од Италија и Европа, туку и од останатите континенти се интересираат за него. Американската телевизија ЕСПН објави сторија за прилепчанецот. Прикажан е патот во кариерата од Победа до чешките Словачко и Викторија Жишков, враќањето во скопски Металург и помислата за пензионирање на 23 години, потоа пресвртот преку повикот од хрватскиот Интер Запрешиќ со титулите најдобар стрелец, до трансферот во Палермо. Италијанскиот клуб за багателна сума од 500 илјади евра добил голгетер со европски квалитет. Во поглед на појавата од анонимен до атрактивен фудбалер го споредуваат со Лука Тони, а по начинот на постигнување на головите, со Пипо Инзаги. Предвидувањата се дека в лето е можен трансфер на Несторовски во клуб од Лигата на шампионите.

Серија А продолжува, а в недела Палермо пак игра дома, со Аталанта.

Loading