ЛИГАТА ПРОДОЛЖУВА НА 26 ФЕВРУАРИ

Пинг-понг

Пред крајот на месецов планирано е да продолжи првенството во пингпонгарската супер лига за сениори, каде градов има два претставника. Тогаш продолжува борбата за опстанок, односно за зацврстување во средината од табелата. По првиот, есенски дел, лидерското место е за штипски Гоце Делчев со 14, пред Работнички со 13, Вардар и Шампиони ФА по 11, Младост 9, Телеком НЕЦ и Младост 96 по 8, Радовиш 7. Мали корекции се можни по одигрувањето на заостанатиот меч Телеком – Радовиш.

– Есеноска можевме многу повеќе, но загубивме од градскиот ривал Младост, иако водевме со 4-2, а бевме поразени и од скопскиот Телеком, наспроти очекувањата. Напролет, доколку сакаме опстанок, ќе мораме да победуваме, за што имаме потенцијал – смета тренерот на Младост 96, Златко Рикалоски.

Први мечеви што претстојат се: Младост 96 – Гоце Делчев и Вардар – Младост.

Loading