СИТЕ ДОБИВААТ ШАНСА ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Безмалку три неделни се подготовките на суперлигашот Прилеп. Тренинзите на Ице Соколоски се двапати дневно, претпладне во вежбалница или истрчување, а навечер во салата ,,Ричко”. Порано од планираното, со цел да се излезе во пресрет на противникот во градење на формата за настапите во европскиот куп Челенџ, се одиграа два тренинг – меча со Пелистер. Гостинот резултатски беше поуспешен, што е и очекувано, ако се земе предвид дека подготоките ги има во финална фаза, но многу поважно е што беше прикажана солидна игра од двете страни. Шанса за настап добија сите, вклучувајќи ги најмладите во екипата на Прилеп.

Со екипата тренираат новодојдените, голманот Мурат Куртановиќ од Работнички и бекот Јане Јанчев, повратник од Мароко. 

Loading