ВРВНИ ВЉУБЕНИЦИ ВО ПРОЗАТА И ПОЕЗИЈАТА

Nagradeni gimnazijalkite i mentorkite

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

Дека Гимназијата ги има најдобрите ученици и професори потврда се многубројните награди и признанија. Во ова реномирано средно училиште именувано по херојот Мирче Ацев, освен што учениците покажуваат исклучителни резултати по избраните предмети од насоките како дел од гимназиското образование, темелно и квалитетно го познаваат и мајчиниот јазик. Изучуваат по избор предмети и избираат проектни активности со кои во одредени области ги прошируваат знаењата, но се средношколци кои го сакаат, познаваат и практикуваат македонскиот литературен јазик.

Постигнуваат највисоки резултати на многуте меѓународни, државни регионални или локални натпреварувања, а шест награди добија и на натпреварите за избор на најдобар рецитатор и најдобра лична творба. За најдобар рецитатор во категоријата на средношколци, ученичката Сара Атанасоска од 1-3 го освои второто место, а нејзин ментор беше проф. Емона Јованоска. Елеонора Михаиловска од 3-1 го зазеде третото место со менторот проф. Ленка Јованоска.

На конкурсот за најдобра лична творба за 2016, награди добија две гимназијалки. Во категоријата ученици од средно образование за најдобра песна беше прогласена творбата на Христина Петкоска од 3-1 го освои првото место (ментор проф. Ленка Јованоска), а пак Маја Атанасоска од 4-8 го освои третото место (ментор проф. Христина Кочоска).

Во категоријата ученици од средно образование за најдобар расказ беше избран прозниот состав на Теодора Тасевска од 4-9 освои второ место (ментор Весна Михаиловска), а Деспина Јосифоска од 4-5 го освои третото место (ментор проф. Христина Кочоска).

И со овие награди гимназијалците го потврдуваат талентот и креативноста. Пишуваат книги, пеат, рецитираат, музицираат ….

Loading