ТВ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО „ПОРАКА“

Muzickoto ucisliste so donacija na zdruzenieto Poraka

Музичкото училиште донираше

Музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“  донираше ЛЕД телевизор на Здружението на лица со посебни потреби „Порака”. Донацијата е направена со собраните средства од влезниците за новогодишниот концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков”.

– Традиционално за новогодишните празници музичкото училиште го организира концертот. Ова е втора година како манифестацијата има донаторски карактер. Овојпат колективот одлучи средствата да бидат доделени на Здружението на лица со посебни потреби „Порака”. Се надевам дека им излеговме во пресрет со донација и понатаму ќе продолжиме негувањето на хуманитарни активности – вели Игор Николоски, директор на ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка”.

Подарокот од музичкото училиште е прекупотребен за социјалниот клуб „Порака”.

Loading