УЧЕНИЦИТЕ ГО УКРАСУВААТ УЧИЛИШТЕТО

Ukras na SOU Gjorce Petrov izraboten od ucenicite

СОУ „Ѓорче Петров

Вистински мајстори се покажаа учениците од профилот – техничар за мебел и ентериер од СОУ “Ѓорче Петров”. Тие го украсија ходникот на училишната зграда. Преку умешноста на учениците од дрвопреработувачката струка, холот на училиштето доби естетски облагородени ѕидови, кои на просторот им даваат топлина, заштита и убавина. За реализација на креацијата на учениците и нивните ментори проф. Спасе Здравески и проф. Коле Штрлески помогна и хаусмајсторот Христо Трајкоски. Декорацијата не остава никого рамнодушен. Во средината се наоѓа и ТВ приемник (донација од „Тера Кота” Инженеринг), кој со своите можности уште повеќе го разубавува амбиентот.

– Од ефектот сите сме воодушевени. Учениците сами изразија желба да продолжат со исто темпо на практичната работа, со цел да го направат училиштето едно од најубавите во земјава. Ние возрасните сме тука да им го овозможиме тоа – вели директорот Дејан Димоски.

Vistinski majstori - ucenicite od SOU Gjorce Petrov

Многу труд вложиле во работилницата, многу часови поминати во макотрпна работа да го постигнат успехот. Не им сметала ниту прашината, ниту звуците на машините, осмислувајќи ја креацијата.

Крајниот ефект и процесот на изработка е доказ за квалитетни ученици и наставници во СОУ “Ѓорче Петров”. 

Loading