ПОСЕТА НА СЕМИНАР ЗА ЛЕТНИ ШКОЛИ

Informacii za letnite jazicni skoli dobija ucenicite od OU Blaze Koneski

ОУ „Блаже Конески“

Осмоодделенците и деветтоодделенците од ОУ „Блаже Конески“, по покана од клубот „Едуко“, беа на семинарот за летни школи за изучување странски јазици 2017 што се одржа во Музејот на револуционерната борба во Скопје.

– Децата се информираат за условите за посета на летните школи во различни реномирани универзитети во Велика Британија, Франција, Швајцарија и во Германија. По враќањето во Прилеп, учениците полни со впечатоци рекоа дека комуницирале на англиски јазик со презентерите на летните школи  да дознаат повеќе податоци и информации за условите за изучување на странскиот јазик на соодветната летна школа во западноевропските земји.

Јазикот е вистински прозорец кон светот и изучувањето странски јазици е од витално значење. Затоа и посветуваме големо внимание на овој вид едукација – вели директорката Марија Дулевска.

Посетата на семинарот е плод на активната комуникација со предавачите на странските летни школи.

– Добивме брошури, разменивме информации и ги согледавме можностите за изучување странски јазици преку летните школи – вели Дулевска.

Посетата беше одлична можност учениците да се запознаат со условите и можностите за нивна надградба по однос на познавањето и подлабокото изучување на странски јазик по своја желба.

Loading