ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Gimnazijalcite na otvoren den vo LS

На последниот отворен ден, што традиционално, Локалната самоуправа го организира во општинската зграда,  беа и дел од учениците од Гимназијата. Преку посетата на градската куќа, заедно со останатите заинтересирани граѓани, се запознаат со работата на одделенијата во општината и се сретнаа со нивните раководители. Од блиску го видоа функционирањето и работата во големата сала на општинската зграда, едношалтерскиот систем, инспекторатот, секторот за урбанизам, архивата, секторот за општо -правни работи, со Јавното претпријатие за  просторно и урбанистичко планирање, со секретарот, шефот на кабинетот на градоначалникот и остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески.

– Нашите гимназијалци, неколку години, на отворениот ден се редовни посетители на Локалната самоуправа и гости на Градоначалникот. При последната посета, тие имаа можност, преку видео презентација да се запознаат со сите досегашни реализирани проекти на општината како и со проектите кои се во фаза на реализација и кои ќе му дадат современ лик на градот. На крајот, учениците одговараа на новинарски прашања во врска со нивната посета на Локалната самоуправа – информираат од Гимназијата.

Заедно со учениците, беа и професорот Кирил Јосифоски и училишниот педагог Светлана Барлакоска.

Loading