ЦВЕЌАРСКО ИСКУСТВО ВО ПОРТУГАЛИЈА И ИТАЛИЈА

СОУ „Орде Чопела“

Sertifikati za obukite - ucenici od SOU Orde Copela

Тим од СОУ „Орде Чопела“ стекнува искуство за хортикултура и агроменаџмент во Португалија и Италија како дел од Проектот APPLE (Agricultural Practice and Practical Learning in Europe) преку мобилност во период од 2 недели во странство. Грантот е  одобрен од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Програмата Еразмус +. Од СОУ,,Орде Чопела,, Ружица Јагуриноска како наставник за практична обука со учениците Зоран Јованоски и Стефанија Милошеска од насоката техничар за хортикултура, беа две недели во Португалија, а пак Кристијан Талимџиоски и Христијан Стојаноски од профилот техничар за агроменаџмент, ќе одат во Италија на двонеделна обука и пракса од 26 февруари.

– Зоран и Стефанија поминаа прекрасни две недели во дружење со ученици и ментори од Македонија и Португалија, сместени во срцето на Брага во северозападниот дел на Португалија. Практичната работа ја изведуваа во Хорти – центар за производство на саксиско цвеќе и садници за пејсажно уредување, за изложба и уметничко кастрење. Во слободното време прошетаа до Лисабон, Порто и околината на Брага која се гордее со земјоделско производство, лозарство и винарии. Учениците се избрани според  критериуми кои ги красат вредните и трудољубиви средношколци кои ќе донесат нови знаења и ќе ги применат во своето понатамошно учење и работа – информираат од СОУ “Орде Чопела”.

Тие се меѓу избраните 20 ученици и 6 наставници од 5 земјоделски училишта од Македонија за унапредување на праксата на учениците со воведување на претприемачки вештини во земјоделскиот сектор. Активноста се реализира преку обука, ставање во работна ситуација (практикантство на фарма, компанија), како и преку студиски престој и посета на иновативни компании во ЕУ земјите.

Проектот на учениците од средните земјоделски училишта, ќе им овозможи да им се подобрат шансите за вработување, да се зголеми чувството за претприемништво и иницијатива, и да се зголеми мотивацијата за понатамошно формално и неформално образование. Додека пак, на наставниците ќе им овозможи да развијат вештини за подобрување на ефикасноста на ученичката пракса, користејки методи за обезбедување на квалитетна пракса, идентификување и начин на вклучување на компании, како и алатки за документирање и оценка на учениците за практичната работа.

Координатор на проектот е Фондацијата Агро – центар за Едукација ФАЦЕ од Скопје. 

Loading