ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

Spodeluvanje na tehniki vo OU Kliment Ohridski

Иако трае зимскиот распуст, наставниците се активни. Им беше претставен проектот и презентирани техниките за работа на часови со имплементација на МИО. Кратката обука на заинтересираните наставници поврзана со техники кои можат да се користат на МИО – часови, се одржа во ОУ „Климент Охридски”. Активноста е дел од обврските кои наставниците учесници на проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата” треба да ја спроведат.

– Пред колегите претставивме неколку техники: барометар, аквариум, цртачка битка… и игри за размрдување. Присутните наставници беа задоволни од прикажаното. Заедно со нас, искуствено се запознаа со техниките и размислуваа за нивна примена на часовите. Дел од нив, сподели со групата, како планира да ги искористат и тоа уште повеќе ја направи корисна оваа средба. Овој тип на средби е многу важен за напредокот и соработката меѓу наставниците. Сите едногласно потврдивме и решивме повторно да се собереме да споделиме некои нови искуства стекнати од обуките на кои што учествуваме – вели Јулијана Талеска, наставничка по македонски јазик.

Покрај неа, во  тренерскиот тим се и Дарко Јовески, наставник по англиски јазик и Моника Богданоска, наставничка по математика.  

Loading