ЧОКОЛАДЕН ЕКСПЕРИМЕНТ

ОУ „Рампо Левката

I nauka i zakuska

Дека часовите можат да бидат интересни, а учењето да стане и слатко задоволство, доказ се учениците од 2 А – одделение од ОУ “Рампо Левката”. Тие практично ја изведоа темата за промената на агрегатната состојба на субстанциите. А за процесот на топење, ја одбраа материјата која ја сакаат сите деца. Ни помалку, ни повеќе туку млечно чоколадо. Инвентивната наставничка Наташа Блашкоска најде соодветен начин и приод ем сликовито, ем интересно на учениците да им го пренесе наставното четиво.

Во улога на експериментатори беа учениците. Тие најнапред ги ставија парчињата црно чоколадо во ѓезвето и потоа внимателно го загреваа на плинско шише. За топењето да биде побрзо, повремено промешуваа со лажичка. Наставничката им даваше инструкции како да бидат внимателни и да ги следат нејзините упатства.Похрабрите, први се јавија за доброволно да ја спроведат практичната вежба. Други, се плашеа и стравуваа да не ги изгорат прстите, или пак да ги залепат со врелата слатка смеса.

И кога се растечни чоколадото, сите ученици имаа задача со веќе подготвените парчиња овошје да брцнат во лепливата смеса. На чепкалки некои имаа боцнато парчиња портокал, а други резанче јаболко. Потоа сите трперливо ги брбелаа делчињата овошје во вжештената слатка смеса.

Успеаја да бидат трперливи. Лакомоста не ги издаде. Почекаа да се излади чоколадниот прелив малку и без да си ги изгорат јазичињата, ја научија лекцијата до крај. Видоа како се стврднува чоколадната обвивка околу овошјето.

И кога се уверија дека чоколадото од тврда се претвора во течна и пак во цврста состојба, им се насладија на експерименталните парчиња. Долго дома раскажуваа за лекцијата и за ужинката. 

Loading