
Нашиот сограѓанин Илија Белистојаноски, кој последните месеци имаше успешни настапи во земјата и во странство, претставувајќи го градот и Македонија на повеќе натпревари, в недела настапува на концерт на руски романси во МОБ. Заедно со неколку колеги ќе исполни не само руски романси, туку и народни песни и класични ромаси. Настапот е претходница на манифестацијата што го очекува на крајот на јануари во Москва каде ќе биде одбележан Меѓународниот ден на руските романси во Државниот кремелски дворец.
Тој претходно освои Гран при на манифестацијата ,,Романсијада,, во Софија под покровителство на Владимир Путин, претседател на Руската федерација.
![]()

