ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРЦИ

СОУ „Кузман Јосифоски Питу

Nagradi za ucenicite od K. J. Pitu

Учениците од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ повторно се закитија со награди на литературниот конкурс организиран од Клубот на литературните творци по повод Св. Никола. Се натпреваруваа во категориите, најдобра лична творба (поезија) и најдобра лична творба (проза). Ученички од прва и втора година освоија по неколку втори и неколку трети награди во двете категории. Наградите ги прославија Михаела Ржаникоска, Викторија Цветаноска, Христина Нунеска, Тамара Мирческа и Сара Тасеска. Училиштето се гордее на успесите. А и менторите, професорките по македонски јазик и литература Соња Мирческа и Цеца Видова – Трајческа не го кријат задоволството од признанијата на своите ученици. Натпреварот се одвиваше во Градската библиотека 

Loading