НАГРАДИ ЗА ШАХИСТИ

Nagradi za prilepskite sahisti

Шахистите од гимназијата  беа најдобри како екипа на државниот натпревар за средни училишта.  Меѓу основците најдобар успех имал Иван Цапески од ОУ “Блаже Конески” освојувајќи го четвртото место.

Во конкуренција за средни училишта имало повеќе од 40 учесници.  Од гимназијата „Мирче Ацев” учествувале петмина учесници од кои Давид Манески оствари значаен успех, 3 место во категоријата за средни училишта. Добра игра покажаа и Славчо Премчески која го делеше четвртото место, Трајче Маџоски, Емануел Секулоски и Бојан Христоски. Давид Манески во последното коло ремизирал во добиена позиција со фидемајсторот кој ја претставуваше Македонија на светското првенство Тони Лазов.

Меѓу основците најдобар успех имал Иван Цапески од ОУ „Блаже Конески”, освојувајќи го четвртото место. На државниот натпревар во шах за средни и основни училишта кој се одржал во Старо Нагоричане, општина Куманово, во училиштето “Светозар Марковиќ” учествувале повеќе од 150 учесници.

Loading