УЧЕСНИЦИ ВО МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

Gimnazijaklkite na proekt vo Polska

Две гимназијалки, заедно со професорката ментор од СОУ „Мирче Ацев“ беа учесници во меѓународен проект во Полска.

Ученичките Анастасија Ристеска и Доротеа Дамјановска заедно со менторот, професорката Христина Манческа од 16 до 24 ноември, беа во градот Елк во Полска, каде во организација на програмата за образование, обуки, млади и спорт “Ерасмус+” реализиран беше проектот “Determinate YOUrself”. Учествувале 24 учесници (од кои и три тренери) од 10 држави и тоа Македонија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Грција, Естонија, Словенија, Чешка и Литванија.

Целта на проектот беше “Психогимнастика” “Streetworking” како алатка за помош на лицата отфрлени од заедницата, како и размена на искуства, знаење и информации поврзани со проблемите на лицата и наоѓање начини за решавање на тешкотиите со кои се среќаваат бездомниците, зависниците и другите маргинализирани лица.

– Целото време беше исполнето со работилници со можност самите да ги имплементираме методите, прво на постари лица со помош од тренерите, а подоцна се поделивме во неколку групи каде ние бевме тренерите на истите методи. Работевме со бездомници, зависници и деца од различни возрасти. Навечер имавме меѓусебни презентации за земјите учесници –  велат учесничките.

Учеството претставува и меѓународна презентација на гимназијата, на градот и на државата.

Loading