ОУ „Блаже Конески“
Група ученички од ОУ „Блаже Конески“ за модеререн балет освоија балканска награда. Групата New Generation го освои второто место на натпреварот Dance Masters 2016. Во силна конкуренција хип-хоп девојките, се искачија на втората позиција на балканскиот натпревар во Скопје. Кореографијата е на Оливер Богојевски. Играа хип-хоп модерен балет и одлично го претставија и училиштето и градот.
Ова не е прва награда. Ги имаа многу и групата ќе продолжи со посветена, континуирана и квалитетна работа. Во победничката танцова група се ученичките: Александра Стојаноска, Фросина Трајкоска, Сања Велеска, Јована Јосифоска, Андреа Пупунческа, Теодора Наумоска, Мелани Нешкоска, Милена Јованоска, Теодора Видеска и Ангела Камческа.