УСПЕХ НА МЛАДИТЕ ФРАНКОФОНИ

ОУ Гоце Делчев

Nagrada za OU Goce Delcev

По освоеното прво место на општински и регионален натпревар по правопис/ спелување на француски јазик, седмоодделенката Софија Гешоска  под менторство на наставничката Ирена Наумоска освои трето место на државниот натпревар по спелување на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.

– Учењето не е лесна работа, треба многу труд, вложување, откажување, но плодовите потоа се многу слатки. Наградите секогаш се една сатисфакција за вложениот труд, мој, на моите наставници и моите родители. Благодарност до наставничката Ирена Наумоска која ми ја влеа љубовта кон францускиот јазик, нејзината посветеност и професионалност, благодарност кон останатите наставници како и до директорот Трајче Каралиоски кои секогаш ме поддржуваат на патот кон успехот – вели ученичката Софија Гешоска.

Нема поголема среќа за еден наставник од постигнатите успеси на неговите ученици.

– Патот кон успехот е тежок, но вложениот труд секогаш носи и високи резултати. Нашето училиште е вистински расадник од вредни и талентирани ученици со кои е чест и задоволство да се работи, а една од тие е и Софија Гешоска, која е ученичка за пример – вели наставничката Наумоска.

Продолжува серијата  успеси на младите франкофони од ОУ “Гоце Делчев”.

Loading