ПРОШЕТКА ВО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА И ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Учениците од ОУ Блаже Конески

Na bozikniot panagur

На покана на амбасадорот Германија во Кристине Алтхаузер, учениците од 6 – 9 одделение со наставничките Катерина Јонческа и Евгенија Ангелеска, четвртпат беа на традиционалниот панаѓурот организиран по повод католички Божик. Се донираа храна, тестенини, конзерви за посиромашните и се посетија штандовите со многу новогодишни украси и чоколади. Амбасадорката Алтхаузер се обрати и го најави дедо Мраз кој ги почести најмалите со подароци. На божикниот панаѓур традиционално се купуваат бонови и се јадат типични слатки вафли, виршли и се пие греено вино. Сите средства кои амбасадата ги собира ги дава во хуманитарни цели. Пријателството меѓу ОУ “Блаже Конески” и амбасадата на Германија трае од 2010 година.

Учениците од 4 -те одделенија со наставниците Ана Бошкоска, Гордана Џокоска, Љупчо Велкоски, Габриела Стевананџија и Ана Марија Ристеска во соработка со Здружението за украсни животни и птици Трагопан ја посетија зоолошката градина во Битола. Децата видоа лавови, тигри, мечка, мајмуни, разни птици, рисови, лебеди, змии итн. Ја посетија старата чаршија и Широк Сокак.  

Во Скопје пак, учениците од 6 – 9 одделение со наставникот Горјан Василевски ја посетија издавачката куќа Матица Македонска каде имаа можност одблиску да се запознаат со најновите наслови и по промотивна цена да купат книги по своја желба, вкус и интерес. Се одржа и литературно читање на ученичките и се оствари средба со писателот Паскал Гилевски како и со Стојан Андов. Минатата година засадија заеднички дрво на пријателството и взаемната соработка.

Loading