ОРИГИНАЛЕН ГИМНАЗИСКИ КАЛЕНДАР ЗА 2017 ГОДИНА

Aktivnosti na kalendar

Три недели пред Новата 2017 година, гимназијата го промовира својот училишен календар. Издавањето на календар е традиција, а на страниците се успешни и креативни ученици. Годинава календарот е  необичен, уникатен. Низ 13 страници се прикажани фотографии од гимназиските настани и од активностите на учениците.

Опфатени се само неколку од настаните кои традиционално се случуваат секоја година и тоа: одбележувањето на патрониот празник на училиштето, Прочка, Француската вечер, Trash Fashion, ГИМФЕСТ, приемот на наградените ученици и нивните ментори кај Градоначалникот, повеќедневната екскурзија низ Европа, доделувањето на дипломите на матурантите, почетокот на новата учебна година, спортските активности на новото тениско игралиште, Ораторската вечер и спортските успеси на учениците.

Фотографиите се од оваа учебна година и од неколку години наназад и се дело на учениците Бојан Илиески, Христијан Јанкоски, Горан Попоски и Ѓорѓи Десподов, а една фотографија е “селфи” дело на машката ракометна екипа од Гимназијата.

За изборот на фотографиите и дизајнот се погрижија професорите Гордица Димитриевска Груеска, Александар Џинго, Софија Крстеска и Николче Богданоски и директорот Кире Николоски. Календарот го дизајнираше и графички го обработи Николче Богданоски, а визуелно го дообликува м-р. Маринко Шлакески.

Loading