„ЕСЕНСКИТЕ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ“ ЌЕ СТАНАТ ТРАДИЦИЈА

esenski muzicki svecenosti

Преполни сали, прекрасни звуци, воодушевување од изведбите на композициите од бројните композитори, меѓу кои Моцарт, Бетовен, Чајковски и други. Ваква беше дводневната атмосфера на манифестацијата “Есенски музички свечености”, организиарана од музичкото училиште во ЦК “Марко Цепенков” и во библиотеката.

Две вечери околу 300 ученици, свирејќи на клавир, виолина, хармоника, флејта, кларинет, труба, саксафон, народни инструменти, гитара и исполнувајќи соло песни, го демонстрираа талентот и покажаа дека се надарени за градот да се гордее со нив.

– Имавме девет концерти во сите класи и професори. Се исполнија композиции од различни епохи. Иако првпат, претендираме да стане традиција импресивниот настан – велат од музичкото училиште, најавувајќи го  предновогодишниот концерт за 21 декември во ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Loading